Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп остро ги осуди недоличните изјави на Иран

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп ги осуди недоличните изјави коишто беа изнесени од иранска страна против Турција и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

1544476
Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп остро ги осуди недоличните изјави на Иран

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп го осуди недоличниот став на некои ирански функционери по песната којашто претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја рецитираше за време на неговиот говор во главниот град на Азербејџан, Баку.

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Никако не можат да се прифатат недоличните ставови коишто се презентирани од страна на некои ирански функционери против нашиот претседател кој постојано храбро го брани правото против ембаргото и изолацијата коишто се спроведуваат врз, Иран. Оние кои реакцијата којашто не можат да ја покажат против тие кои го спроведуваат ембаргото ја изнесуваат против Турција, се оние кои не си ја знаат својата граница кои не можат да ја сфатат вредноста на односите помеѓу двете земји. Остро ги осудувам изнесените изјави и грозните емисии.“

 



Слични вести