Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со својот ирански колега Џевад Зариф

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф по неоснованите тврдења и изнесените тешки изјави од страна на Иран против Турција и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

1544423
Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со својот ирански колега Џевад Зариф

Според добиени информации од дипломатски извори, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера во вечерните часови оствари телефонски разговор со иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф. 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во телефонскиот разговор му рече на својот ирански колега Зариф дека се неприфатливи изјавите насочени против претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Во разговорот, беше разгледан ставот на иранската страна по песната којашто ја рецитираше претседателот Ердоган за време на неговиот говор во главниот град на Азербејџан, Баку. 

Министерот Чавушоглу му сугерира на својот ирански колега Зариф дека рецитираната песна е во врска со Карабах и дека Турција и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор ниту не алудираа на Иран.

Мевлут Чавушоглу напомена дека и покрај тоа додека се отворени и каналите преку кои можеа да бидат доставени размислувањата по ова прашање, под изговор на еден таков говор, се неприфатливи неоснованите и тешки изјави коишто се изнесени од страна на Иран насочени против претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Потсетувајќи дека Турција во најтешките периоди, кога сите му беа свртиле грб на Иран, беше покрај оваа земја, Чавушоглу истакна дека тоа што е заборавена оваа вистина ја зголеми димензијата на разочараноста којашто е доживеана од овие тешки изјави од страна на Иран.

Инаку, иранското Министерство за надворешни работи поради рецитираната песна од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Баку го повика амбасадорот на Турција во Техеран Дерја Орс во министерството и му врачи порака со остро осудување.

Исто така и иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер тврдеше дека песната којашто ја рецитираше претседателот Ердоган беше насочена против територијалниот интегритет на Иран.

По ваквиот развој и турското Министерство за надворешни работи го повика амбасадорот на Иран во Анкара Мухамед Феразменд во министерството. 

Од страна на министерството на иранскиот амбасадор Феразменд му беше доставена реакцијата против изнесените неосновани тврдења против Турција и претседателот Ердоган и кампањата на омраза започната во Иран против Турција.

 



Слични вести