Претседателот Ердоган: Ги подготвуваме реформите Турција повторно да стане привлечен центар

Претседателот Ердоган истакна дека ги подготвуваат реформите со коишто Турција повторно ќе стане привлечен центар

1544265
Претседателот Ердоган: Ги подготвуваме реформите Турција повторно да стане привлечен центар

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на церемонијата на ставање во употреба на водоводот за питка вода Дузбаг и браната Доганпинар во Газиантеп, учествуваше преку линк во живо од дворецот Вахдеттин во Истанбул. 

Претседателот Ердоган во својот говор истакна дека ги подготвуваат реформите со коишто Турција повторно ќе стане привлечен центар.

Ердоган рече дека во период кога епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) заедно со светот влијае и на Турција, не беа направени отстапки ниту од здравствените услуги, ниту од инвестирањата, а воедно напомена дека не го оставија само ниту едно лице член на народот.

Претседателот Ердоган истакна дека со опаѓање на бројките на случаите на зараза и тешко заболени од вирусот под посакуваното ниво ќе се започне со постепено укинување на ограничувањата. 

Велејќи дека заклучно со нивото до коешто е дојдено во работите со вакцинација гледаат со многу поголема надеж кон наредниот период, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Со верување дека излезот е во инвестирањето, производството, извозот и вработувањето, ги подготвуваме реформите со коишто нашата земја повторно ќе стане привлечен центар. Имаме за цел да ја внесеме нашата земја меѓу првите 10 земји во сферата на економијата.“

 



Слични вести