ЕУ го разгледува предлогот на Турција за свикување конференција за Источниот Медитеран

Според извори од Брисел, Европската унија (ЕУ) го разгледува предлогот на Турција за свикување на мултилатерална конференција за Источниот Медитеран

1544123
ЕУ го разгледува предлогот на Турција за свикување конференција за Источниот Медитеран

Како што се истакнува Европската унија (ЕУ) го разгледува предлогот на Турција за одржување на мултилатерална конференција за Источниот Медитеран, во точката на решавање за затегнатоста во регионот.

Извори на Европската унија (ЕУ) велат дека Унијата се обидува да формира форум по прашањето на Источниот Медитеран за да се седне околу маса со релевантните актери и за да се овозможи да се создаде средина на средба.

Исти извори нагласуваат дека Европската унија (ЕУ) смета оти е значајно да се видат во ист момент каналите на преговори за намалување на затегнатоста по прашањето на Источниот Медитеран,  а воедно истакнуваат дека се потикнува да се реализираат различни активности и разговори помеѓу Турција и Грција.

Во тие рамки се истакнува дека Европската унија (ЕУ) води разговори со своите институции, со другите поврзани земји и со турските власти во однос на предлогот за одржување на мултилатерална конференција посветена на Источниот Медитеран.

Извори во Брисел наведуваат дека и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја продолжува својата покана и дека Европската унија (ЕУ) и Турција работат во правец на иста цел во точката на решавање на затегнатоста во Источниот Медитеран.

Изворите укажуваат дека некои земји членки пред Лидерскиот самит на Еврпската унија (ЕУ) изнесуваа одредени свои очекувања за воведување обемни санкции против Турција, меѓутоа додаваат дека тоа не е рефлектирано на резултатите.



Слични вести