Ердоган: Крајно е погрешно односите меѓу Турција и ЕУ да бидат заробени со игрите на една или две земји

Претседателот Ердоган истакна дека е крајно погрешно коренитите односи меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) да бидат заробени со игрите на една или две држави

1544295
Ердоган: Крајно е погрешно односите меѓу Турција и ЕУ да бидат заробени со игрите на една или две земји

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган преку линк во живо од дворецот Вахдеттин во Истанбул учествуваше на церемонијата на отворање на новоизградената обиколница Маниса-Акхисар. 

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа во оваа пригода ја критикуваше Европската унија (ЕУ) и го рече следното: „Крајно е погрешно коренитите односи меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) да бидат заробени со игрите на една или две држави.“

Ердоган истакна дека Европската унија (ЕУ) што поскоро треба да се спаси од приклештувањето во коешто се вовлекува намерно од страна на Грција и Кипарско-грчката управа.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека Турција ќе продолжи да чекори одлучно кон своите цели без притоа да застане пред донесените еднострани и пристрасни одлуки.



Слични вести