Во северниот дел на Ирак е запленета голема количина муниција на терористите

Министерството за национална одбрана соопшти дека во реализирана операција од страна на турските командоси во областите Хакурк и Авашин во северниот дел на Ирак е запленета голема количина муниција на терористите

1543846
Во северниот дел на Ирак е запленета голема количина муниција на терористите

Во областите Хакурк и Авашин во северниот дел на Ирак е запленета голема количина муниција на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека командосите ги продолжуваат активностите за истражување и пребарување преку границата.

Во соопштението се вели дека во рамките на реализираната операција од страна на турските командоси во северниот дел на Ирак во областите Хакурк и Авашин е запленета голема количина муниција на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и тоа антитенковско оружје AT-4, 6 антипешадиски мини, 14 парчиња муниција за минофрлачи RPG-7, глава за ракета, 5 митралези PKMS со калибар од 7,62 милиметри, ракетен лансер на водено антитенковско оружје AT-5, муниција за повеќецевен ракетен фрлач, 88 парчиња муниција за противавинско оружје тежок митралез ДШК, 3 генератори, 8 галони гориво и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.



Слични вести