Турција изрази задоволство од потпишувањето на протоколот за патување во Азербејџан

По потпишувањето на протоколот, граѓаните на двете земји ќе можат да патуваат само со лична карта

1543714
Турција изрази задоволство од потпишувањето на протоколот за патување во Азербејџан

Турција изрази големо задоволство од потпишувањето на протоколот со Азербејџан со кој се овозможува можност за патување само со лична карта.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи беше изразено големо задоволство од потпишувањето на протоколот во рамките на посетата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на Азербејџан на 9-10 декември, со кој на граѓаните на двете земји им се овозможува меѓусебна посета само со лични карти.

Во соопштението беше потсетено дека веднаш по укинувањето на визата од страна на Азербејџан за турските граѓани, од 25 февруари наваму, безвизниот престој на граѓаните на двете земји од 30 беше зголемен на 90 дена.

„Со потпишувањето на протоколот на 10 декември од страна на нашиот министерот за надворешни работи со азербејџанскиот министер за надворешни работи, граѓаните на двете земји ќе можат да патуваат во Турција и Азербејџан само со лични карти“ беше наведено во соопштението.

Во соопштението меѓудругото се вели: „Овој нов аранжман, кој ќе го зголеми контактот меѓу нашите народи, исто така е многу значаен од аспект на покажувањето на нивото на нашите односи со „братски Азербејџан“.



Слични вести