Претседателот Ердоган: Самитот на ЕУ не одговори на очекувањата на неколку земји, бидејќи тие барања не беа праведни

Претседателот Ердоган на излегување од џума намаз во Истанбул рече: „Самитот што го одржа вчера Европската унија (ЕУ), вусшност не одговори на барањата на неколку земји (не им го даде одговорот што го очекуваа). Бидејќи нивните барања не беа праведни.“

1543900
Претседателот Ердоган: Самитот на ЕУ не одговори на очекувањата на неколку земји, бидејќи тие барања не беа праведни

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадената изјава за новинарите на излегување од клањање на џума намаз (петочната молитва) во Истанбул рече: „Земјите со здрав разум меѓу земјите членки на Европската унија (ЕУ) овде (на вчерашниот Самит на ЕУ) презентирајќи позитивен став, ја расипаа оваа игра. Самитот што го одржа вчера Европската унија (ЕУ), вусшност не одговори на барањата на неколку земји (не им го даде одговорот што го очекуваа). Бидејќи нивните барања не беа праведни.“

Претседателот Ердоган рече: „Треба да ни се предаде правото. Впрочем, моментално има голем број права коишто земјите членки на Европската унија (ЕУ) треба да и ги дадат на Турција. Од визната либерализација па се до ослободување од царина... Се надевам дека овој процес ќе го заокружиме на праведен начин.“

Велејќи „Случувањата во Источниот Медитеран, нашите позитивни ставови пред сите нив, ја расипаа играта на овие (на Европската унија)“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го подвлече следното: „Постои очекување да се прави нова подготовка за самитот што ќе се одржи во март 2021 година, како што е на пример таму да се преговара за оваа работа. Ова треба да го истакнам многу отворено и јасно. Не е можно да произлезе било што и од таму.“



Слични вести