Поддршка од ТИКА на Сомалија

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) обезбеди поддршка во опрема на десетици земјоделци кои страдаа од поплавата во областа Сомалиленд

1543491
Поддршка од ТИКА на Сомалија

 

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) обезбеди поддршка во опрема на десетици земјоделци кои страдаа од поплавата во областа Сомалиленд.

Заменик-координаторот на ТИКА за Сомалија, Илхами Турус, во говорот на церемонијата за распределување на помошта што се одржа во градот Еригабо рече:

„Верувам дека користејќи ја оваа опрема од Турција, ќе остварите поефикасно производство. ТИКА ќе продолжи со поддршката на народот на Сомалиленд. Се надеваме дека во претстојните години ќе оствариме поддршка на различни и поголеми проекти“.

Во Сомалиленд, каде што има обилни врнежи од дожд, поради дождот се забележуваат катастрофи предизвикани од поплави особено на бреговите на потоците.



Слични вести