Ердоган: „Воведувањето санкции според CAATSA на САД е непочитување на партнерот во НАТО“

Турција е меѓу првите 5 важни земји во НАТО

1543856
Ердоган: „Воведувањето санкции според CAATSA на САД е непочитување на партнерот во НАТО“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече:

„Воведувањето санкции според Законот за борба против американските противници по пат на економски санкции (CAATSA) од страна на САД е непочитување на партнерот во НАТО“.

Ердоган на враќање од посетата на Азербејџан одговараше на прашањата на новинарите.

Ердоган, во врска со американските санкции против Турција, рече:

„Турција е земја членка на НАТО. И Америка е земја членка на НАТО. Покрај тоа, Турција е меѓу првите 5 важни земји во НАТО. Значи не е обична земја. Како во перидот на претседателот Доналд Трамп така и во периодот на Барак Обама, секогаш со гордост беше изнесен ставот дека „имаме земја членка во НАТО како што е Турција“. Во моментов, соочувањето на Турција со Законот за санкции (CAATSA) од страна на САД е непочитување на партнерот во НАТО.

По примопредавањето на претседателската функција во САД, веројатно ќе имаме можност многу подобро да го видиме протокот. Затоа она што треба да го направиме е да бидеме стрпливи и ќе видиме“.



Слични вести