Ердоган: „Може да се отвори нова страница во турско-ерменските односи“

Верувам дека отсега историјата на регионот ќе се обликува во нова насока

1543808
Ердоган: „Може да се отвори нова страница во турско-ерменските односи“

 

Претседателот Реџеп Таип Ердоган рече:

„Ако Ерменија фрли позитивни чекори, може да се отвори нова страница во турско-ерменските односи.“

Ердоган на враќање од посетата на Азербејџан одговараше на прашањата на новинарите.

Посочувајќи дека со победата на Карабах е отворена нова страница во историјата на Кавказ, Ердоган продолжи со зборовите:

„Верувам дека отсега историјата на регионот ќе се обликува во нова насока. Работиме на формирање шестчлена (Русија, Турција, Азербејџан, Иран, Грузија и ако се согласи и Ерменија) платформа која иницијатива ќе обезбеди можност за постигнување на мотото „победа победа“ за сите. Ако Ерменија фрли позитивни чекори, може да се отвори нова страница во турско-ерменските односи. Ако се појават нови можности, несомнено дека и заработката на Ерменија значително ќе се зголеми. Од ова најмногу ќе добие Ерменија“.



Слични вести