Ибрахим Калин: Лидерите на ЕУ не треба да ги дозволат иницијативите за блокирање на односите меѓу Турција и ЕУ

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во врска со Лидерскиот самит на ЕУ го рече следното: „Лидерите на Европската унија (ЕУ) не треба да дозволат ниту една иницијатива во правец на блокирање на односите меѓу Турција и ЕУ

1543992
Ибрахим Калин: Лидерите на ЕУ не треба да ги дозволат иницијативите за блокирање на односите меѓу Турција и ЕУ

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин објави писмено соопштение во врска со резултатите од Самитот на шефови на држави и влади на Европската унија (ЕУ) на 10 и 11 декември. 

Портпаролот Калин истакна дека лидерите на Европската унија (ЕУ) сфаќајќи го значењето на односите меѓу Турција и ЕУ не треба да дозволат ниту една иницијатива во правец на блокирање на односите.

Подвлекувајќи дека во направените проценки на самитот значајно е тоа што беше нагласено оти се уште се наоѓа на маса позитивната агенда меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), Калин истакна дека по овој процес лидерите на Европската унија (ЕУ) сфаќајќи го значењето на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) не треба да дозволат ниту една иницијатива во правец на блокирање на односите.

Ибрахим Калин истакна дека Турција членството во Европската унија (ЕУ) ќе продолжи да го смета за стратешки приоритет и рече: „По овој процес ќе биде во полза и двете страни да се фокусираат на позитивна агенда што ќе биде во корист на сите страни.“

Тој укажа дека Европската унија (ЕУ) треба да се откаже од неправедниот став што го презентира против кипарскиот турски народ, со негово наметнување од страна на Јужната Кипарско-грчка управа, а воедно нагласи дека не треба да се изостават од вид реалностите на островот во име на изнаоѓање на праведно и трајно решение на Кипарскиот проблем.

Велејќи дека Турција ќе продолжи да ја води секој вид борба за одбрана на легитимните права на Кипар и ќе продолжи да биде конструктивна за решавање на проблемите, Ибрахим Калин уште еднаш повтори дека Турција е спремна за разговори за зближување (истражувачки, експлораторски разговори) со Грција, без предуслови.

„Турција и земјите на Европската унија (ЕУ) треба да делуваат со заедничка агенда по прашањето на развивање на вистинското партнерство, решавање на проблемите во рамките на дијалог што ќе се потпира на взаемно почитување, меѓусебна доверба и придавање нов интензитет на односите. ЕУ треба да фрли конкретни чекори и да одговори на очекувањата на Турција по прашањето на ажурирањето на Царинската унија, договорот за миграција и визната либерализација.“ - порача Калин.

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин додаде дека кризите и предизвиците коишто се доживуваат во регионот би можеле да се решат само со солидаризација и соработка. 



Слични вести