Во терористички напад во Расулајн во северниот дел на Сирија загинаа двајца турски војници
Во градчето Расулајн во северниот дел на Сирија е реализиран терористички напад со возило бомба во кој станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници, а 8 војници се ранети

Во реализиран терористички напад со возило бомба во градчето Расулајн во северниот дел на Сирија, станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници, а 8 војници се ранети.
На еден контролен пункт на Сириската национална армија (СНА) е експлодирано возило војна.
Судбината на возачот на возилото бомба е непозната.
Локалните безбедносни сили започнаа истрага во врска со нападот, а се стои на можноста да е реализиран од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Градчето Расулајн беше исчистено од тероризмот на 12 октомври 2019 година со реализираната операција Извор на мирот.
Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК од областите на Ајн Иса и Тел Тамир кои продолжува да ги држи под окупација често реализира терористички напади чија цел стануваат цивилите во Расулајн и Тел Абјад.