Шентоп : „ Се надевам дека ЕУ нема да донесе одлуки што ќе придонесат за кризата на доверба“

Запад не може да ја прифати вистината за новите глобални и регионални актери како што се Турција, Кина и Русија

1543070
Шентоп : „ Се надевам дека ЕУ нема да донесе одлуки што ќе придонесат за кризата на доверба“

 

Претседателот на Големото национално собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп изрази надеж дека нема да се доенсат одлуки коишто ќе придонесат за продлабочување на кризата на доверба меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).

Шентоп, во говорот на свеченото отворање на симпозиумот „Можната улога на Големото национално собрание на Турција и правниот и политичкиот пристап во решавањето на Источно-медитеранските прашања“ што се одржа од страна на Анкарскиот универзитет под покровителство на Големото национално собрание на Турција во Салата за церемонии на Собранието потсети дека и пред чекорите и иницијативите што ги презеде Турција, во источниот дел на Средоземното море се доживуваа многу проблеми потенцирајќи дека тоа е многу важен регион.

Мустафа Шентоп рече дека Кипарското прашање се наоѓа на врвот на овие прашања, посочувајќи и на конфликтот меѓу Израел и Палестина, граѓанската војна во Сирија и Либанското прашање се всушност меѓу проблемите и прашањата на Источниот Медитеран.

Шентоп рече дека и граѓанската војна во Либија е исто така едно од прашањата што му паѓаат на ум кога ќе се споменат Источно медитерански прашања.

Шентоп потенцираше:

„Недоразбирањата околу островите во морето меѓу Грција и Турција, територијалните води, континенталниот гребен, разоружување на островите, воздушниот простор се теми кои можат да се разгледаат во рамките на Источните медитерански проблеми. Сите тие, како и борбата за влијание на Кипар, Сирија и Либија се тесно поврзани поделбата на енергетските извори на дното на Источниот Медитеран, а исто така се поврзани за тоа кој ќе одлучи за економските вредности во земјите богати со природни ресурси како што е Либија. Западните земји, сегашни наследници на колонијалните империи, сè уште се обидуваат својата класична империјална надворешна политика на глобално ниво да ја одржат врз база на ова експлоататрско минато. Во суштината на прашањата лежи позиционирањето на Запад врз основа на овој стар пристап и неприфаќањето на вистината на новите глобални и регионални актери како што се Турција, Кина и Русија“.

Мустафа Шентоп, истакнувајќи дека целта на оваа политика на Запад не е само Турција, рече:

„Вклучувајќи ја и Русија, така и другите сили во развој во светот кои се обидуваат да бидат влијатени,  се мета на западните земји. Темата се наоѓа на агендата на Европската унија. Денешната агенда на Самитот на лидерите на Европската унија се санкциите против против активностите на Турција во Источен Медитеран. ЕУ наместо да ги провоцира Грција и Кипар и кон регионалните прашања да води ограничувачки и политики осудени на маѓепсан круг, треба да направи избор меѓу наведените земји и Турција, која  има голем голем хоризонт во трансформација на иднината на европскиот континент кон Евроазија. ЕУ која по одвојувањето на Велика Британија, која земја важи за значаен политички колорит и фактор на влијание, се соочува со потребата да се надмине кризата на идентитет, треба да има во предвид дека односот и ставот кон Турција ќе одигра значајна улога од аспект на основниот избори во однос на нејзината сопствена иднина. Се надевам дека ЕУ нема да донесе одлуки што ќе придонесат за кризата на доверба“.



Слични вести