Претседателот Ердоган во посета на Баку, Азербејџан

Претседателот Реџеп Тајjип Ердоган вчера приквечер пристигна во Азербејџан кадешто престојува во официјална посета

1543013
Претседателот Ердоган во посета на Баку, Азербејџан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган престојува во посета на Баку кадешто освен средбите и разговорите коитшо ќе ги оствари ќе учествува и на церемонијата на победата со воена парада којашто се одржува по повод ослободувањето на азербејџанските територии кои беа под окупација на Ерменија.

Претседателот Ердоган кој вчера допатува во Баку денеска најпрвин заедно со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го посетија гробот на поранешниот претседател Хајдар Алиев.

Двајцата претседатели, Ердоган и Алиев потоа ги посетија спомен гробиштата алејата на азербејџанските и турските шехиди (паднати борци), а ќе учествуваат и на церемонијата на победата со воена парада.

Во чест на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Дворецот на младоста ќе се одржи церемонија на официјален дочек.

По остварените средби и разговори, двајцата претседатели Реџеп Тајјип Ердоган и Илхам Алиев ќе одржат заедничка прес-конференција.



Слични вести