Претседателот Ердоган: Во мојата земја живеат повеќе од 100 илјади наши ерменски граѓани
Претседателот Ердоган на одржаната заедничка прес-конференција со азербејџанскиот претседател Алиев рече:„Нашиот проблем е со раководството (на Ерменија). Во мојата земја живеат повеќе од 100 илјади наши ерменски граѓани. Ние не гаиме омраза кон луѓето.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој по повод церемонијата на парадата на победата престојува во посета на главниот град на Азербејџан, Баку, оствари и средба лице в лице со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.
По средбата и потпишувањето на неколку договори помеѓу Турција и Азербејџан, двајцата претседатели Ердоган и Алиев одржаа заедничка прес-конференција.
Во говорот што го одржа овде претседателот Ердоган истакна дека Турција нема било каква омраза кон ерменскиот народ и рече: „Проблемот е со раководството на Ерменија. Во мојата земја живеат повеќе од 100 илјади наши ерменски граѓани.“
Претседателот Ердоган истакна дека резултатот што се појави по 44 дневната војна онака како што ги израдува нашите браќа во Азербејџан, на ист начин ги израдува и нивните браќа во Турција.
Велејќи дека ако затреба би можела да се формира шесторна платформа по прашањето на регионалниот мир, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Во оваа платформа од Русија, Турција, Азербејџан, Иран и Грузија, ако прифати и ако се придржува може да учествува и Ерменија. Доколку бидат фрлени позитивни чекори и ние ќе ги отвориме нашите врати. Ние немаме грижа од видот да ги затвориме нашите врати за Ерменија. Бидејќи ние сакаме да ги фрлиме чекорите на мирот.“
Претседателот Ердоган нагласи Турција не гаи омраза против ерменскиот народ и продолжи со следните зборови: „Нашиот проблем е со раководството (на Ерменија). Во мојата земја живеат повеќе од 100 илјади наши ерменски граѓани. Ние не гаиме омраза кон луѓето. Целта е да го воспоставиме особено мирот и чекорот да го фрлиме според тоа.“
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев исто така во својот говор на одржаната заедничка прес-конференција рече: „Денеска, Турција на претседателот Ердоган е пример за светот, за независност, јунаштво и храброст.“
Алиев истакна дека славниот „Бајрактар“ како производ на турската одбранбена индустрија во борбата за татковината, одигра извонредна улога во извојуваната победа.
„Доколку ерменската управа се откаже од невистинитите тврдења и тие би можеле да заземат место во различни платформи за соработка коишто ќе се формираат во регионот.“ - рече азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.
Слични вести

Во судирите на ТВС со терористите во операцијата „Канџа-катанец“ загинаа 3 војници
Повредените веднаш беа префрлени во болница каде што започна нивното лекување