Претседателот Ердоган на церемонијата на победата во Баку: Азербејџан ќе продолжи да пишува еп

Претседателот Ердоган во говорот на церемонијата на парадата на победата што се одржува во чест на ослободувањето на азербејџанските територии од ерменска окупација, од Баку ја испрати следната порака: „Азербејџан ќе продолжи да пишува еп“

1543117
Претседателот Ердоган на церемонијата на победата во Баку: Азербејџан ќе продолжи да пишува еп

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган престојува во посета на Азербејџан.

По повод церемонијата на парадата на победата што се одржува во чест на ослободувањето на азербејџанските територии од ерменска окупација на плоштадот Азадлик во главниот град Баку, учествуваа азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и азербејџански и турски војници.

Во говорот што го одржа овде претседателот Ердоган истакна дека Азербејџан ќе продолжи да пишува еп и рече: „Азербејџан, под вештото лидерство на мојот брат Илхам Алиев Иншаллах (со Аллахова помош-поддршка) ќе продолжи да пишува историја. Ослободувањето на азербејџанските територии од окупација никако не значи дека е завршена борбата. Ние како Турција во нашите односи со Азербејџан секогаш го сметаме за водич мотото на големиот лидер Хајдар Алиев 'две држави, еден народ'.“

„Тешко е прекршено военото право, прегазено е човечкото достоинство. Претставува наш долг да ја побараме сметката за тоа на секоја платформа.Ерменските раководители ресурсите на народот ги користеа за држење под окупација на териториите на Азербејџан. Оние кои не му донесоа на Нагорно Карабах ништо друго освен рушење, масакр и солзи, веќе треба да си го приберат умот. Треба да се согледа дека не може да се стигне никаде со поттинувањето на западните империјалисти, односите треба да се преразгледат наново. Доколку ерменскиот народ извлече поука од случувањата во Карабах, тоа ќе биде почеток на новиот период во регионот.“ - порача Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека се додека Турција и Азербејџан делуваат со заедничка сила ќе продолжат да ги надминуваат тешкотиите и да постигнуваат нови успеси.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во говорот што го одржа на церемонијата на парадата на победата рече: „Ја почувствувавме поддршката на Турција уште од првите часови на борбата за татковината. Нашата соработка со Турција им ја покажуваме на нашите народи и на светот.“

Велејќи „Ерменија изврши воено злосторство врз азербејџанскиот народ. На бојното поле повторно го воспоставивме нашиот територијален интегритет.“ - Алиев рече: „Ерменската армија клекна на колена и нашиот територијален интегритет го воспоставивме со извојување победа на бојното поле.“

„Карабах е Азербејџан и денеска светот виде дека Карабах е на Азербејџан. Да живее турско-азербејџанското пријателство.“ - подвлече азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.



Слични вести