Пораки од Мустафа Шентоп и Фуат Октај по повод Денот на победата во Азербејџан

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и потпретседателот Фуат Октај објавија пораки по повод Денот на победата во Азербејџан во чии рамки на плоштадот Азадлик во Баку се одржа церемонијата на парадата на победата

1543233
Пораки од Мустафа Шентоп и Фуат Октај по повод Денот на победата во Азербејџан
fuat oktay.jpg

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп објави порака по повод Денот на победата во Азербејџан и церемонијата на парадата на победата што се одржа во Баку по повод ослободувањето на азербејџанските територии од ерменска окупација.

Шентоп во својата споделена порака на профилот на социјалната мрежа Твитер напиша: „Му го честитаме Денот на победата на Азербејџан кој постигна голема победа во операцијата за единствена татковина, им посакувам милост од Аллах на нашите 2.783 шехиди (паднати борци) кои ги положија своите животи и станаа шехиди за поставување на знамето на азербејџанските Турци во Карабах и за ставање крај на зулумот и окупацијата. Две држави, еден народ.“

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп заедно со споделената објава сподели фотографија на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев сликана на церемонијата на парадата на победата што се одржа на плоштадот Азадлик во Баку, а по повод ослободувањето на азербејџанските територии од ерменска окупација. 

Потпретседателот Фуат Октај исто така објави порака по повод церемонијата на парадата на победата што се одржа по повод ослободувањето на азербејџанските територии од ерменска окупација.

Фуат Октај во споделената објава на својот профил на социјалната медија напиша: „И честитам на јуначката азербејџанска армија која извојува победа во 44 дневната борба за татковината и по изминати 30 години повторно го приклучи Карабах кон татковинските територии, го честитам Денот на победата. Како Турција ќе продолжиме да бидеме со сите наши можности покрај џан (нашето срце) Азербејџан и во иднина.“

 



Слични вести