Порака од претседателот Ердоган по повод 10 декември - Денот на човековите права

Претседателот Ердоган истакна дека во светот којшто ќе се обилкува наново по пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), сите политики треба да се структуираат во оската на човековите права

1543034
Порака од претседателот Ердоган по повод 10 декември - Денот на човековите права

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод 10 декември - Денот на човековите права во која на одбележувањето на 72. годишнина од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации (ОН) им го честита Светскиот ден на човековите права на турските граѓани и на целото човештво.

Претседателот Ердоган истакна дека во светот којшто ќе се обилкува наново по пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), сите политики треба да се структуираат во оската на човековите права.

Велејќи дека Универзалната декларација за човекови права која е усвоена пред 72 години со идеалот за поправеден и послободен свет повеќе фокусиран на човекот, се уште ја зачувува својата карактеристика на значаен документ којшто ја потсетува меѓународната заедница за нејзините одговорности, претседателот Ердоган напомена дека како држава изградена над принципот „нека живее народот за да живее државата“ со реформите коишто се ставени во примена се  укинати голем број препреки со кои се ограничуваат правата и слободите на граѓаните.

Тој истакна дека денеска најголемата закана против Универзалната декларација за човекови права ја сочинуваат културниот расизам, ксенофобијата и исламофобијата, а воедно појасни дека кај западните општества се забележува оти заедно со пандемијата на Ковид-19 се зголемуваат препреките во правец на искористувањето на правата без коишто се не може кои се загарантирани со декларацијата на чело со слободата на верување и вероисповест.

„Се соочуваме со една очајна слика во која се прегазени фундаменталните слободи на милијарди муслимани од правото на живот до правото на праведно судење, се понижуваат светите вредности под рувото на слободата на изразување, а јазикот на омраза се поттикнува на ниво на медиуми и претседатели. Во светот којшто ќе се обликува наново по пандемијата на Ковид-19, сите политики треба да се структураат во оската на човековите права и да се развиваат ефикасни механизми за надминување на неправдите.“ - порача Ердоган. 

Претседателот Ердоган додаде дека Турција ќе продолжи да води борба за заштита на фундаменталните слободи и да претставува светлина за надеж за милиони луѓе кои се уште не се стекнале со своите права коишто се загарантирани со Универзалната декларација за човекови права, пред точно 72 години.



Слични вести