Ибрахим Калин: Буди разочарување тоа што во текстот на нацртот на Самитот на ЕУ се согледува јазик на санкции

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин истакна дека буди разочарување тоа што во текстот на нацртот на Самитот на Европската унија (ЕУ) се согледува јазик со кој се размислува да бидат воведени санкции против Турција

1542741
Ибрахим Калин: Буди разочарување тоа што во текстот на нацртот на Самитот на ЕУ се согледува јазик на санкции

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин учествуваше на панелот на тинк-тенк здружението „Герман Маршал Фонд“ со седиште во Вашингтон што се одржа преку интернет во виртуелна средина под насловот „Надворешната политика на Турција.“

Калин истакна дека буди разочарување тоа што во текстот на нацртот на Самитот на Европската унија (ЕУ) се согледува јазик со кој се размислува да бидат воведени санкции против Турција.

Нагласувајќи дека меѓународниот поредок особено по пандемијата на Ковид-19 почна да се менува, но дека Турција се уште е дел од Западниот сојуз, Ибрахим Калин рече: „Тоа што ние се уште сме дел од НАТО, тоа што посакуваме да станеме полноправна членка на Европската унија (ЕУ) и да останеме како силен партнер и сојузник на Западниот сојуз, не значи дека нема да располагаме со добри односи со земјите на Блискиот исток или со Русија.“

Калин воедно потсети дека Турција освен тоа што фрла чекори во однос на прашања како што е борбата против тероризмот, следи и надворешна политика во која се приоритетни човечкото достоинство и човечкиот живот.

На потсетување дека на Самитот на Европската унија (ЕУ) ќе биде поставено на дневен ред и прашањето за воведување санкции против Турција, Ибрахим Калин одговори: „Го прочитав текстот на нацртот на Самитот на Европската унија (ЕУ) во врска со Турција. Будеше разочараност да се види јазик со којшто се размислува да се воведат санкции против Турција. Се надевам дека европските и ЕУ лидери ќе избегнуваат од тоа. Јазикот на санкции и закана против Турција никогаш не вределе.“

Подвлекувајќи дека ваквиот вид јазик на закана и санкции секогаш резултирал спротивно, Калин рече: „Ние сакаме да располагаме со позитивна агенда. Сакаме повторно да отвориме една нова страница со Европската унија (ЕУ) и да напредуваме во процесот за членство во ЕУ.“

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин, укажа дека грчката страна не сакаше да разговара со Турција се додека да заврши Самитот на Европската унија (ЕУ) и го подвлече следното: „Оваа состојба ме тера на мислење дека Грција се надева оти од овој самит ќе произлезат санкции за Турција. Бидете сигурни дека тоа ќе биде штетно ѝ за односите меѓу Турција и Грција, а не само за односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).“

 



Слични вести