Турција остро го предупреди Калифа Хафтар
Веднаш треба да се преземат чекори за да се овозможи бродот да го продолжи планираното патување

Турција соопшти дека во случај цел на нападите во Либија бидат турските интереси, тоа ќе има сериозни последици.
Министерството за надворешни работи (МНР) објави соопштение во врска со турскиот трговски брод, кој беше запрен во близина на Либија и беше казнет самоволно од таканаречената Либиска национална армија поврзана за Калифа Хафтар.
Во писменото соопштение објавено од Министерството, беше истакнато дека бродот Маброка, кој се управува од страна на една турска компанија и пловеше под знамето на Јамајка, а исто така имаше и турски екипаж, од таканаречената Либиска национална армија поврзана за пучистот Хафтар беше запрен во близина на градот Марса Суса во Либија, бродот беше казнет и запленет заедно со екипажот. Во соопштението беше истакнато следното:
„Ние остро ја осудуваме оваа практика. Веднаш треба да се преземат чекори за да се овозможи бродот да го продолжи планираното патување“.
Во период кога под водство на Обединетите нации (ОН), напредува политичкиот процес меѓу либискиот народ, се забележува дека Хафтар и неговите милицајци го продолжуваат својот агресивен став во Либија.
„Уште еднаш потсетуваме дека во случај уште еднаш турските интереси бидат цел на напади Либија, тоа ќе има сериозни последици и истите ќе ги разгледаме како легитимни цели“ беше истакнато во соопштението на МНР.
Слични вести

Директорот за комуникации Алтун оствари средба со азербејџанскиот министер за култура Керимов
Алтун изрази задоволство од зголемувањето на контактите меѓу Азербејџан и Турција во сите полиња