Портпаролот Челик: „Заедно ќе живееме на овие простори“

Она што не треба да го направи е да го користи јазикот на санкциите

1541953
Портпаролот Челик: „Заедно ќе живееме на овие простори“

Портпарол на Партијата за правда и развој Омер Челик рече:

„Европската унија мора да ги спроведе дипломатските механизми со Турција. Она што не треба да го направи е да го користи јазикот на санкциите“.

Омер Челик по состанокот на Централниот извршен одбор на партијата, одржа прес конференција.

Надоврзувајќи се на неодамнешните проценки на Европската унија (ЕУ) во врска со Турција, Омер Челик рече:

„Ако сметате кои се најзначајните 5 прашања од аспект на Европската унија, слободно може да се каже дека Европската унија без Турција не е во можност да управува со истите. ЕУ треба да се однесува и да покаже разумен став. При дискретното постапување треба да ги спроведе дипломатските механизми со Турција. Она што не треба да го направи е да користи јазик за санкции“.

Челик, обраќајќи се на Грција рече:

„Заедно ќе живееме на овие простори. Не може да се добијат никави резултати со наметнувања врз Турција очекувајќи надеж  од далеку“.



Слични вести