Јавуз Селим Киран: Турција со секој поминат ден ја унапредува својата позиција во УНЕСКО

Заменик министерот за надворешни работи Јавуз Селим Киран истакна дека Турција со секој поминат ден ја унапредува својата позиција во Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура УНЕСКО

1542443
Јавуз Селим Киран: Турција со секој поминат ден ја унапредува својата позиција во УНЕСКО

Заменик министерот за надворешни работи Јавуз Селим учествуваше на состанокот "Петта голема средба на националната комисија на УНЕСКО за Турција" на одбележувањето на 75. годишнина од формирањето на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура УНЕСКО и 70. годишнина на формирањето на националната комисија на УНЕСКО за Турција, што се одржа преку видео-конференција.

Во говорот што го одржа во оваа пригода Јавуз Селим Киран истакна дека Турција со секој поминат ден ја унапредува својата позиција во Организација на Обединетите нации за образование, наука и култура УНЕСКО.

Велејќи дека УНЕСКО меѓу чии основачки земји членки се наоѓа и Турција оваа година ја одбележува 75. годишнина од своето формирање, Киран рече: "Со секој поминат ден ја носиме уште понапред (унапредуваме) нашата позиција во УНЕСКО. Се наоѓаме на челните места од аспект на придонесите коишто и ги обезбедуваме на организацијата."

Заменик министерот за надворешни работи Јавуз Селим Киран привлече внимание дека Турција е претставувана на ефикасен начин во формациите и одлучувачкиот механизми коишто ја обликуваат иднината на УНЕСКО. 

Тој појасни дека Турција моментално е членка на Извршниот совет на УНЕСКО и дека уште еднаш ја прогласува својата кандидатура за периодот 2021-2025 година.

Потсетувајќи дека Турција се  кандидира и за Комитетот на светското наследство за  периодот 2023-2027 година, Киран рече дека на Списокот на Светското наследство на УНЕСКО се наоѓаат 18 знаменитости на Турција.

 



Слични вести