Ердоган: „Со Бајден ќе разговараме за неки прашања“

Денес по САД, Турција е една од  првите 5 земји на НАТО

1542400
Ердоган: „Со Бајден ќе разговараме за неки прашања“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека со Џо Бајден, кој беше избран за претседател на Соединетите Американски Држави (САД), откако ќе ја презеде функцијата, ќе разговараат за некои прашања.

Претседателот Ердоган, во изјавата пред посетата на Азербејџан, се осврна на односите меѓу Турција и САД.

Ердоган рече дека Бајден, кој беше избран за претседател не е странец и дека многу добро го познава од периодот на Барак Обама.

Денес по САД, Турција е една од  првите 5 земји на НАТО, рече Ердоган потенцирајќи:

„Тие самите секогаш го признаваа ова. За жал, денес не сметаме дека се точни изјавите за набавките на оружје. Особено не сметаме дека е точен пристапот кон случувањата на северот на Сирија, источно од Еуфрат. Мислам дека денешните изјави што ќе ги дадеме се предвремени. Бајден најпрвин нека ја преземе функцијата, а потоа ќе седнеме и ќе разговараме за некои работи“.

Нагласувајќи дека нема да има конфликт меѓу народите, особено во политиката, Ердоган рече:

„Ќе најдеме начин за дискутирање и разбирање на овие прашања во дипломатијата. Верувам дека овој процес ќе го водиме многу поздраво“.



Слични вести