Ердоган: „Одлуката на ЕУ за било какви санкции нема да не дискредитира“

Впрочем уште од 1963 година, ЕУ официјално и континуирано применува санкциите против Турција

1542420
Ердоган: „Одлуката на ЕУ за било какви санкции нема да не дискредитира“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека одлуката на Европската унија (ЕУ) за било какви санкции, нема да ја дискредитира Турција.

Во изјавата за печатот пред посетата на Азербејџан, Ердоган се осврна на Самитот на лидерите на ЕУ што ќе се одржи утре.

„Било која одлука за преземање санкции врз Турција, нема да ја дискредитира Турција. Впрочем уште од 1963 година, ЕУ официјално и континуирано применува санкции против Турција“ рече Ердоган.

Нагласувајќи дека ЕУ никогаш не постапила чесно и не ги одржа дадените ветувања“ Ердоган рече:

„Ние секогаш бевме трпеливи и сеуште чекаме со голема трпеливост. Сега ќе видиме какви чекори ќе фрлат, само искрените, чесни лидери стојат прилично цврсто против овој процес. Исто така немаат срдечен приод кон овие ставови кон Турција“.

Во врска со изјавите на грчкиот премиер Кирјакос Мичотакис кои се однесуваат на Источниот Медитеран, Ердоган рече:

„Всушност, тие се кои постојано бегаат од преговарачката маса. Никогаш не застанаа на масата. Овој вид бегство од масата, претставува политика на лаги. Ние продолжуваме по нашиот пат. Ќе продолжиме да ги штитиме нашите права во однос на Источен Медитеран. Ние ќе продолжиме да ги штитиме нашите права во целост кои се однесуваат на Турската Република Северен Кипар. Но, ако Грција се однесува како искрен сосед, ние ќе продолжиме да бидеме на преговарачката маса“.



Слични вести