Во Егејското Море во близина на Баликесир, Измир и Чанаккале се спасени 139 турнати мигранти

Екипите на турската крајбрежна стража во Егејското Море во близина Ајвалик кај Баликесир спасија 54 мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати назад (насилно вратени) кон турските територијални води

1541273
Во Егејското Море во близина на Баликесир, Измир и Чанаккале се спасени 139 турнати мигранти

Во Егејското Море кај градовите Баликесир, Измир и Чанаккале се спасени 139 мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати назад (насилно вратени) кон турските територијални води.

Група нерегуларни мигранти кои сакале да заминат за грчкиот остров Лезбос (турски Мидилли) од близина на островите Чиплак и Ѓунеш отпловиле со два гумени чамци.

Нерегуларните мигранти кои биле забележани од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати назад (насилно вратени) кон турските територијални води.

Екипите на командата на турската крајбрежна стража кои по добиени информации отпловија во областа спасија и извлекоа на копно 54 турнати нерегуларни мигранти.

Во Егејското Море во близина на 'ртот Караабдуллах во населеното место Чешме кај градот Измир исто така по добиени информации дека на гумен чамец се наоѓаат група мигранти во областа беше испратен чамец на турската крајбрежна стража.

Екипите спасија 18 мигранти кои се наоѓаа на гумен чамец и кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати назад (насилно вратени) кон турските територијални води

Од водите на Егејското Море во близина на Караада во населеното место Чешме во два одделни акции беа спасени 22 мигранти кои биле качени на сплав.

Во близина на 'ртот Аслан кај населеното место Фоча пак, беа спасени 29 мигранит кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле оставени на два сплава во турските територијални води.

Спасените вкупно 69 мигранти во близина на населените места Чешме и Фоча беа однесени во Дирекцијата на Управата за миграција на Измир.

Во меѓувреме, и во близина на населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале беа спасени и извадени на копно 16 мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле оставени на сплав во турските територијални води.

Спасените мигранти по законските постапки беа предадени на Центарот за враќање на странци во Ајваџик.

 



Слични вести