Петер Стано: Напредувањето во позитивна насока со Турција ќе биде во полза на ЕУ

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано истакна дека напредувањето во позитивна насока со Турција ќе биде во полза на Европската унија (ЕУ)

1541805
Петер Стано: Напредувањето во позитивна насока со Турција ќе биде во полза на ЕУ

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано на одржаната редовна дневна прес-конференција одговараше на едно поставено прашање во врска со односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) и Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) на 10 и 11 декември.

Стано истакна дека напредувањето во позитивна насока со Турција ќе биде во полза на Европската унија (ЕУ).

Велејќи дека ќе се одржи значен Самит на Еврпската унија (ЕУ) од аспект на односите меѓу Турција и ЕУ на кој ќе биде дефинирана насоката на односите, Стано рече: "За Европскиот совет се се наоѓа на маса. За тоа во која насока ќе се напредува ќе одлучат лидерите на ЕУ."

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано истакна дека односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) располагаат со повеќе страни и го рече следното: "Не можеме да заборавиме дека Турција е членка на НАТО. И повеќето од земјите членки на Европската унија (ЕУ) се истовремено и членки на НАТО. Сето тоа се зема во предвид. Лидерите своите одлуки ќе ги донесат едногласно земајќи ја во предвид искомплицираната градба на односите со Турција. Во интерес на Европската унија (ЕУ) е доколку е можно поврзано со ставот на Турција да се напредува во позитивна насока, да се биде во конструктивна соработка и дијалог."



Слични вести