Мицотакис:Недоразбирањето со Турција „успеавме да го пренасочиме во недоразбирање меѓу Турција и ЕУ“

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во програмата на еден телевизиски канал застана во одбрана на тоа дека присутното недоразбирање со Турција „успеале да го пренасочат во недоразбирање меѓу Турција и Европската унија (ЕУ“

1541271
Мицотакис:Недоразбирањето со Турција „успеавме да го пренасочиме во недоразбирање меѓу Турција и ЕУ“

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис беше гостин во програмата на еден телевизиски канал кадешто даде изјави во врска со Источниот Медитеран и Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) којшто ќе се одржи на 10 и 11 декември.

Мицотакис застана во одбрана на тоа дека присутното недоразбирање со Турција како што рече „успеале да го пренасочат во недоразбирање меѓу Турција и Европската унија (ЕУ)“.

Велејќи „Турско-грчките недоразбирања успеавме да ги претвориме во недоразбирање меѓу Турција и Европската унија (ЕУ)“, Мицотакис наведе дека самитот на Европската унија (ЕУ) во октомври и даде една шанса на Турција, но како што рече Турција „не одговори позитивно на овој позитивен дневен ред“.

Застанувајќи во одбрана на тоа дека продолжувањето на затегнатоста од страна на Турција не е во нејзина полза, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис наведе дека Турција треба наново да направи проценка на своите односи со Европа.

Инаку, Турција во сопствените територијални води во Источниот Медитеран и во зоните за кои од страна на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и се издадени лиценци на Турската нафтена компанија (ТПАО) реализира активности за истражување и дупчење во рамките на правата коишто произлегуваат од меѓународното право.

Со склучениот Договор за ексклузивна економска зона со Либија којшто е потврден и од страна на Обединетите нации (ОН), Турција ги нагласува принципите на „праведно и правично споделување“ на природните богатства.

Двојката Грција и Кипарско-грчка управа пак, кои ја обвинуваат Турција поради нејзините легитимни активности во сопствените сфери на поморска надлежност, за наметнување на своите неправедни и легетимини барања ја користи Европската унија (ЕУ)



Слични вести