Турција продолжува со поддршката на цивилите во зоната на операцијата „Извор на мирот“

Нашите јуначки војници (во периодот октомври-ноември 2019 година) во зоната на операцијата „Извор на мирот“ регионот го исчистија од тероризмот и луѓето ги спасија од угнетување и прогон

1540583
Турција продолжува со поддршката на цивилите во зоната на операцијата „Извор на мирот“

 

Турција, продолжува со поддршката со хуманитарна помош на цивилите во зоната на операцијата „Извор на мирот“ во Сирија.

Министерството за национална одбрана (МНО), во објавата што ја сподели преку својот профил на Твитер, соопшти дека продолжува хуманитарната помош на Турција на Сиријците.

Во објавата, во која беа објавени фотографии од помошта што турските војници им ја доделуваат на луѓето во зоната, беше истакнато следното:

„Нашите јуначки војници кои (во периодот октомври-ноември 2019 година) во зоната на операцијата „Извор на мирот“ регионот го исчистија од тероризмот и луѓето ги спасија од угнетување и прогон продолжуваат да доставуваат хуманитарна помош на оние што имаат потреба.



Слични вести