Унгарскиот пратеник во ЕП Мартон Ѓонѓоши: Мигрантската криза кон Европа не може да се реши без Турција

Унгарскиот пратеник во Европскиот парламент (ЕП) Мартон Ѓонѓоши истакна дека мигрантската криза кон Европа не може да се реши без Турција

1540367
Унгарскиот пратеник во ЕП Мартон Ѓонѓоши: Мигрантската криза кон Европа не може да се реши без Турција

Унгарскиот пратеник кој е избран за Европскиот парламент (ЕП) од партијата Јобик и е член на Комитетот за надворешни односи Мартон Ѓонѓоши во дадената изјава за новинската Агенција Анадолија „АА“ истакна дека без Турција Европската унија (ЕУ) тешко би можела да реши голем број проблеми.

Унгарскиот пратеник Ѓонѓоши напомена дека мигрантската криза кон Европа не може да се реши без Турција.

Нагласувајќи дека едниот од бројните проблеми со коишто се соочува Европската унија (ЕУ) е и миграциската криза, Ѓонѓоши ја изнесе следната констатација: „Турција е едниот од најзначајните сојузници на Европската унија (ЕУ) во геополитичка, трговска и политичка смисла. Миграциската криза од пред неколку години потсети од колку големо значење е Турција за ЕУ и дека овој проблем не може да се реши без Турција. Истото се однесува и на кризите на Блискиот исток и во Северна Африка. Ова е јасно, без Турција многу потешко е да се постигне решение.“

Унгарскиот пратеник во Европскиот парламент (ЕП) Мартон Ѓонѓоши напомена дека Европската унија (ЕУ) е економски врзана за своите блиски соседи како што е Турција и го додаде следното: „Она што е реално е економската интеграција и треба да работиме за тоа. Секој треба да ги види (согледа) интересите на еден ваков вид економска интеграција. Во врска со економската интеграција кога ќе погледнеме ком минатите години, можеме да видиме дека имаат обезбедено мошне голем интерес од соработката, ѝ Европската унија, ѝ Турција.“



Слични вести