Одговор од МНР Турција на написот на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека ниту една санкција нема да обезбеди Турција да се откаже од своите суверени права во контекст на тврдењата на Грција

1540316
Одговор од МНР Турција на написот на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас

Турција соопшти дека ниту една санкција нема да обезбеди да се откаже од своите суверени права. 

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција е одговорено на написот на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас објавен на профилот на Министерството за надворешни работи на Грција преку социјалната медија. 

Во соопштението на МНР на Турција се истакнува следното: „Разгаленото дете на Европа Грција, на основа на своите максималистички и бесправни тврдења за поморски граници и воздушен простор ја принудува Европската унија (ЕУ) на санкции против Турција. Ниту една санкција нема да обезбеди Турција да се откаже од своите суверени права во контекст на тврдењето на Грција за островот Меис (грчки Кастелоризо) или воздушниот простор во широчина од 10 морски милји. Грција во најскоро време треба да седне на дијалог со Турција, без предуслови.“



Слични вести