На северот на Ирак се неутрализирани четворица терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во реализирана прекугранична воздушна операција во областа Гара во северниот дел на Ирак се неутрализирани четворица терористи на ПКК

1540276
На северот на Ирак се неутрализирани четворица терористи

Во реализирана операција во областа Гара во северниот дел на Ирак се неутрализирани четворица терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се нагласува дека на ефикасен и одлучен начин продолжуваат операциите против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во соопштението се вели следното: „Со воздушна операција се неутрализирани четворица терористи на ПКК кои се утврдени со летала за извидување и набљудување во областа Гара во северниот дел на Ирак.“

Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи соопшти дека како резултат на активностите за убедување 5 мина терористи кои избегале од сепаратистичко-терористичката организација ПКК влегоа во Турција и им се предадоа на безбедносните сили.

Терористите кои се предадоа и се приклучиле на терористичката организација во периодот од 1995 до 2015 година и делувале во Турција, Сирија и Ирак. 

Како што е установено едниот од предадените терористи бил во терористичката организација 25 години.

На тој начин бројот на терористите кои се предадоа како резултат на активностите за убедување од почетокот на годината (1 јануари) досега се зголеми на 223.



Слични вести