Министерот Фатих Донмез: Бродот за дупчење „Кануни“ се подготвува да отплови кон Црното Море

Министерот Донмез информира дека третиот брод на Турција за дупчење (сондажа) „Кануни“ се подготвува да отплови кон Црното Море за реализирање на активности за дупчење

1540441
Министерот Фатих Донмез: Бродот за дупчење „Кануни“ се подготвува да отплови кон Црното Море

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез на својот пофил на социјалната мрежа Твитер сподели објава со видео од 46 секунди на бродот за дупчење (сондажа) „Кануни“.

Министерот Донмез информира дека третиот брод на Турција за дупчење (сондажа) „Кануни“ се подготвува да отплови кон Црното Море за реализирање на активности за дупчење.

„Кануни се подготвува да отплови кон Црното Море за сондажа. Кулата е споена. Започна одбројувањето.“ - напиша министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез на својот пофил на социјалната мрежа Твитер.

Бродот за дупчење „Кануни“ кој на почетокот на годината беше внесен во инвентарот на Турската нафтена компанија (ТПАО), беше изградн во 2012 година.

„Кануни“ располага со капацитет за дупчење (сондажа) до длабочина од 11.400 метри и капацитет за сондажа од 3.000 метри, е познат и како шеста генерација брод за ултра поморска сондажа. 

Бродот на 13 октомври отплови од пристаништето Ташуџу во Мерсин, а на 19 октомври со просечна брзина од 8 милји поминувајќи низ Истанбулскиот морски теснец Босфорот пристигна во пристаништето Хајдарпаша.

Третиот брод на Турција за дупчење (сондажа) „Кануни“ по церемонијата на испраќање којашто се одржа со учество и на министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез на 13 ноември, следните ден на 14 ноември пристигна во пристаништето Филјос.



Слични вести