Во Егејското Море спасени 44 турнати мигранти кон турските територијални води

Екипите на турската крајбрежна стража во близина на населените места Чешме и Дикили кај градот Измир спасија 44 нерегуларни мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати назад кон турските територијални води

1539944
Во Егејското Море спасени 44 турнати мигранти кон турските територијални води

Во Егејското Море во близина на населените места Чешме и Дикили кај градот Измир се спасени 44 нерегуларни мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати назад (насилно вратени) кон турските територијални води.

Според објавеното соопштение од Командата на крајбрежната стража, на повикот за помош на група нерегуларни мигранти качени на гумен чамец во близина на Караада во населеното место Чешме кај градот Измир беа испратени екипи на крајбрежната стража.

Притоа беа спасени 25 нерегуларни мигранти за кои е утврдено дека од страна на елементите на грчкта крајбрежна стража биле турнати назад (насилно вратени) кон турските територијални води и беа изнесени на копно.

Исто така и во близина на Бадемли во населеното место Дикили кај градот Измир беа спасени 19 мигранти качени на два сплава кои од страна на екипите на крајбрежната стража на Грција биле турнати назад кон турските територјални води.

Спасените мигранти по законските постапки беа однесени во Управата за миграција на Градската дирекција на Измир.



Слични вести