Претседателот Ердоган: Небото во Карабах веќе го красат полумесечина и ѕвезда, а не безвредни крпи

Претседателот Ердоган на церемонијата на свеченото отворање на новоизградениот магистрален пат Сарикамиш-Каракурт-Хорасан кадешто се приклучи преку линк во живо рече: „Небото во Карабах веќе го красат полумесечина и ѕвезда, а не безвредни крпи“

1540142
Претседателот Ердоган: Небото во Карабах веќе го красат полумесечина и ѕвезда, а не безвредни крпи

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на церемонијата на свеченото отворање на новоизградениот магистрален пат Сарикамиш-Каракурт-Хорасан во Карс кадешто од дворецот Вахдеттин во Истанбул се приклучи преку линк во живо, истакна дека денеска се доживува воодушевување од свеченото отворање на едно дело од критично значење за градот Карс и за целото подрачје.

Во врска со ослободувањето на окупираните азербејџански територии, претседателот Ердоган рече дека небото во Карабах веќе го красат полумесечина и ѕвезда (турски и азербејџански знамиња), а не безвредни крпи.“

Ердоган нагласи дека не беа од оние кои поткленуваат, се плашат и свиткуваат пред заканите и секогаш стоеја цврсто исправени.

Велејќи дека при заземање став на страната на правдата во Сирија, мирот и стабилноста во Ирак, легитимноста во Либија секогаш се однесуваа со карактерност и достинство, претседателот Ердоган рече: „Како резултат на борбата на нашите азербејџански браќа фала му на Бога денеска небото во Карабах веќе го красат полумесечина и ѕвезда (турски и азербејџански знамиња), а не безвредни крпи. Азербејџанското знаме се виори поносно во Нагорно Карабах како пример на јунаштвата на нашите шехиди (загинати борци).“

Тој рече: Извојуваната победа во Карабах (против Ерменија), му е алал на Азербејџан како мајчино млеко ѝ од аспект на меѓународното право, ѝ од аспект на дипломатијата, ѝ од воен аспект.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека како Турција, исто како ѝ секогаш ѝ секаде ќе продолжат да застануваат покрај правото, правдата (правичноста) и угнетениот, како и да земат збор и да следат политика во таа насока.



Слични вести