Жозеп Борел: Турција и Европската унија (ЕУ) споделуваат заеднички интереси

Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел на Форумот за дијалог „МЕД-Медитеран“ истакна дека Турција и ЕУ споделуваат заеднички интереси и тоа особено во добрососедските односи

1539775
Жозеп Борел: Турција и Европската унија (ЕУ) споделуваат заеднички интереси

Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел на Форумот за дијалог „МЕД-Медитеран“ кој оваа година се одржува по шести пат во главниот град на Италија, Рим, а во организација на италијанското Министерство за надворешни работи и  Меѓународен институт за политички студии (ИСПИ) учествуваше преку видео-конференција и притоа направи проценка на актуелниот дневен ред.

Борел истакна дека Турција и Европската унија (ЕУ) споделуваат заеднички интереси и го рече следното: „Особено во добрососедските односи. Турција стои таму и ќе стои. Имаат регионални цели. Треба да разбереме дека Турција е домаќин на 3,5 милиони Сиријци. Треба да покажеме заинтересираност и да им помогнеме. Треба да продолжиме да го правиме тоа. Оваа помош не е за турската Влада, туку за сириските бегалци.“

Нагласувајќи дека треба да се работи подобро заедно во решавање на прашањата како што е еднаквото споделување на приходите од природните ресурси во Средоземното Море, Борел истакна дека всушност и Турција посакува еднакво споделување на приходите од природните ресурси и дека тоа се изнесува и од страна на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Во врска со претстојниот Лидерски самит на Европската унија (ЕУ), високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел рече: „Сега е време да се погледне дали ќе презентираме подобро партнерство и соседство.“



Слични вести