Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани двајца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани двајца терористи на ПКК/ЈПГ

1539865
Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани двајца терористи

Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во споделената објава на профилот на социјалната мрежа Твитер на Министерството за национална одбрана се истакнува дека со успешната интервенција на јуначките турски командоси се неутрализирани двајца терористи на ПКК/ЈПГ кои се обиделе да се префрлат во подрачјето на операцијата Извор на мирот за да ја нарушат средината на спокојство и доверба во подрачјето.

И во спроведената операција од страна на турските безбедносни сили во подрачјето на операцијата Маслиново гранче во северниот дел на Сирија која беше започната по судирот во кој завчера стана шехид (загина) еден турски војник, се неутрализирани 17 терористи на сепаратситичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

 



Слични вести