Сулејман Сојлу: Заврши изградбата на безбедносниот ѕид од 81 км кај градот Агри на границата со Иран

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу соопшти дека е завршена изградбата на безбедносниот ѕид во должина од 81 километар кај градот Агри на границата со Иран

1539628
Сулејман Сојлу: Заврши изградбата на безбедносниот ѕид од 81 км кај градот Агри на границата со Иран

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека е завршена изградбата на безбедносниот ѕид во должина од 81 километар кај градот Агри на границата со Иран.

Министерот Сулејман Сојлу во споделената објава објави и фотографии од проектот за изградба на безбедносниот ѕид и го истакнува следното: „Во рамките на пограничните физички безбедносни системи коишто се водат од страна на нашето Министерство, денеска завршија работите за изградба на безбедносниот ѕид во должина од 81 километар кај градот Агри и нашата граница со Иран. Им благодариме на нашата губернија на Агри којашто и покрај мошне тешките географски услови обезбеди за 2 години да се дојде до оваа фаза во проектот, како и на раководството на Администрацијата за колективни станови (ТОКИ) и изведувачите кои обезбедија голем придонес во овој процес, на нашите работници и инженери кои вложија напори со самопожртвување за ставање во примена на проектот и на нашите безбедносни сили кои ги елиминираа заканите на терористичката организација.“

 



Слични вести