Претседателот Ердоган разговараше телефонски со иранскиот претседател Рухани

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, во телефонскиот разговор беа разгледани чекорите со коишто ќе бидат зајакнати односите помеѓу Турција и Иран, а беше направена проценка и на регионалните случувања

1539277
Претседателот Ердоган разговараше телефонски со иранскиот претседател Рухани

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со иранскиот претседател Хасан Рухани.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, во телефонскиот разговор беа разгледани чекорите со коишто ќе бидат зајакнати односите помеѓу Турција и Иран, а беше направена проценка и на регионални случувања.

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор истакна дека чувствува длабоко жалење од смртта на иранскиот научник Мухсин Фахризаде во гнасниот атентат на којшто беше подложен и го изрази своето сочувство до братскиот ирански народ и до семејството на покојниот Фахризаде.

Привлекувајќи внимание на тајмингот на атентатот, претседателот Ердоган истакна дека нападот цели против мирот и спокојството на регионот и дека верува оти уште еднаш ќе западнат во вода надежите на мрачните средини кои сакаат да го вовлечат регионот во дестабилизација.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека во прашањето со Нагорно Карабах е влезено во нов период, дека во овој период е од посебно значење да се избегнува со чувствителност од секој вид активност што би можела да причини сенка на територијалниот интегритет и суверенитет на Азербејџан, дека воспоставувањето на трајниот мир и стабилноста ќе отвори нови прозорци на можности и дека сето тоа ќе биде во полза на сите регионални земји вклучувајќи ја и Ерменија.    



Слични вести