Претседателот Ердоган: Немам никаков проблем со тоа и јас лично да бидам вакциниран против Ковид-19

Претседателот Ердоган на излегување од џума намаз (петочната молитва) во Истанбул одговараше на прашањата на новинарите и притоа истакна дека нема никаков проблем со тоа и тој лично да биде вакциниран против Ковид-19

1539699
Претседателот Ердоган: Немам никаков проблем со тоа и јас лично да бидам вакциниран против Ковид-19

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на излегување од џума намаз (петочната молитва) во Истанбул одговараше на прашањата на новинарите.

Во врска со работите за  обезбедување на вакцината и за вакцинирање против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), претседателот Ердоган рече: „Немам никаков проблем со тоа и јас лично да бидам вакциниран против Ковид-19.“

Ердоган информира дека Турција освен со Кина е во контакт и со Русија во врска со вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

На едно поставено прашање „Дали и вие ќе се вакцинирате?“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Освен со Кина се водат разговори и со Русија. Во врска со ова прашање немам никаков проблем со тоа и јас лично да бидам вакциниран. Тогаш кога е во прашање здравјето мораме да го направиме она коешто треба да се направи за да го зачуваме нашето здравје. Поготово во точката на Ковид-19, треба да фрлиме еден таков чекор за да бидеме пример за сите наши граѓани. Посакуваме да ги спасиме нашите граѓани од оваа неволја.“



Слични вести