Предупредување од претседателот на Ирачкиот туркменски фронт Ершат Салихи во врска со ПКК

Претседателот на Ирачкиот туркменски фронт (ИТЏ) Ершат Салихи истакна дека сѐ уште постои неизвесност по прашањето на тоа каде ќе бидат испратени терористичките елементи на ПКК откако ќе бидат извадени од Синџар

1539284
Предупредување од претседателот на Ирачкиот туркменски фронт Ершат Салихи во врска со ПКК

Претседателот на Ирачкиот туркменски фронт (ИТЏ) Ершат Салихи истакна дека излегувањето на елементите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од подрачјето на Синџар кај градот Мосул во Ирак, е само тактика на промена на локација.

Туркменскиот лидер Салихи појасни дека сѐ уште постои неизвесност по прашањето на тоа каде ќе бидат испратени терористичките елементи откако ќе бидат извадени од Синџар, во рамките на Договорот за Синџар постигнат помеѓу Ербил и Багдад во однос на присуството на терористичката ПКК во подрачјето.

Велејќи „ПКК применува тактика на промена на локација“, Ершат Салихи привлече внимание дека доколку се применува план од видот терористите кои ќе бидат извадени од Синџар да бидат повторно сместени околу Махмур, Кандил, Киркук (Керкук) или во близина на Телафер во границите на Ирак, опасноста ќе бида уште поголема.

„Вадењето на ПКК од Синџар и нејзино сместување на друго место повторно на териториите на Ирак, нема да донесе решение.“ - констатира Салихи.

Претседателот на Ирачкиот туркменски фронт (ИТЏ) Ершат Салихи истакна дека Ирак е во неволја поради терористичките организации и го рече следното: „ПКК и ДЕАШ се две страни на една иста пара. Целта и на двете е да ја нарушат стабилноста на Ирак, да ја поделат земјата и да им наштетат на соседните земји. /... / Едната од најголемите причини поради лошите односи на Ирак со неговите соседи е присуството на терористичката организација ПКК на неговите територии.“

Инаку, помеѓу централната ирачка влада во Багдад и Регионалната курдска управа на Ирак во Ербил на 1 октомври беше потпишан Договорот за Синџар со којшто се предвидува сепаратистичко-терористичката организација ПКК да биде извадена од ова подрачје.

 



Слични вести