Ердоган: „Франција поминува низ многу опасен период“

Ако Французите навистина толку ги сакаат Ерменците, тогаш Марсеј нека им го дадат на Ерменците

1539702
Ердоган: „Франција поминува низ многу опасен период“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека францускиот претседател Емануел Макрон предизвикува главоболка и прави проблеми на неговата земја.

„Франција поминува низ многу, многу опасен период. Се надевам дека Франција што е можно поскоро ќе се спаси од Макрон“.

Претседателот Ердоган во Истанбул одговораше на прашањата во врска со дневниот ред на претставниците на печатот.

Оценувајќи ја незаконската одлука на Франција за признавање на Нагорно Карабах, претседателот Ердоган рече:

„Како прво, групата Минск е посредничка институција (меѓу Азербејџан и Ерменија). Навистина привлекува внимаие фактот што Франција презеде таков необврзувачки начин. Исчезна идентитетот на медијатор на Франција“.

Потенцирајќи дека Макрон е главоболка за Франција, Ердоган рече:

„Франција поминува низ многу, многу опасен период. Се надевам дека што е можно поскоро, Франција ќе се спаси од Макрон. Бидејќи во спротивно Франција не ќе може да се спаси од жолтите елеци, а по жолтите елеци и црвените елеци ќе предизвикуваат главоболка и проблеми“.

Во врска со ослободувањето на азербејџанските територии од ерменска окупација, Ердоган рече:

„Нашите азербејџански браќа самите си го пресекоа папокот и се дојде во сегашната ситуација, затоа велиме аирлија да е. Во вторник, заедно со сопругата ќе присуствувам на церемониите во Азербејџан“.

Во врска со одлуката на францускиот парламент за признавање на Карабах, Ердоган потсети на реакцијата на азербејџанскиот претседател Илхам Алијев и истакна:

„Знаете, мојот драг брат Илхам Алијев имаше препорака до Французите. Тој рече: „Ако тие навистина толку ги сакаат Ерменците, Марсеј нека им го дадат на Ерменците“. И јас им го препорачувам истото. Ако многу ги сакаат, тогаш Марсеј нека им го дадат на Ерменците “.



Слични вести