Во подрачјето на операцијата Маслиново гранче во Сирија загина еден турски војник

Министерството за национална одбрана соопшти дека во судир со терористите во подрачјето на операцијата Маслиново гранче во северниот дел на Сирија стана шехид (загина) еден турски војник

1538927
Во подрачјето на операцијата Маслиново гранче во Сирија загина еден турски војник

Во судир со терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ во подрачјето на операцијата Маслиново гранче во северниот дел на Сирија стана шехид (загина) еден турски војник.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, група терористи на ПКК/КЏК се обидоа да се префрлат во подрачјето на операцијата Маслиново гранче во северниот дел на Сирија, кое е исчистено од тероризмот.

Притоа во судирот до којшто дојде со терористите стана шехид (загина) еден турски војник.

Потоа беше отворен оган со артилериско оружје во правец на местата каде се наоѓаа терористите и патиштата по коишто би можеле да избегаат.

Притоа беа неутрализирани 6 мина терористи.

Во подрачјето беа испратени и наоружани и ненаоружани беспилотни летала (СИХА и ИХА) и операциите во подрачјето со артилериски оган продолжуваат.

 



Слични вести