Турција ги демантираше тврдењата на грчките медиуми

Министерот за миграции со намерните, погрешни информации се обидува да ги прикрие злосторствата и вината на Грција, која со нехуманите практики во Егејското Море предизвика смртни случа

1539157
Турција ги демантираше тврдењата на грчките медиуми

Турција, соопшти дека информациите кои беа објавени од страна на грчките медиуми дека наводно не им се помогнало на  нерегуларни мигранти кои беа забележани источно од грчкиот остров Мидилли (Лезбос) не ја рефлектираат фактичката состојба.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Командата на крајбрежната стража беше истакнато дека на  2 декември, во 04.14 (според турско време), на повикот за помош на нерегуларната имигрантска група која пристигна до екипите на Турската крајбрежна стража, по испитувањето на локацијата на нерегуларните имигранти, најблискиот чамец на турската крајбрежна стража беше испратен на местото на повикот.

Бродот на турската крајбрежна стража (TCSG 907), кој на местото од каде што пристигна повикот пристигна во 05.10 часот, беше утврдено дека предметниот чамец со мигранти се наоѓаше во грчките води, а екипите на крајбрежната стража видоа дека во непосредна близина на чамецот со мигранти има брод на грчката крајбрежна стража. Иако беше упатен повик до бродот на грчката крајбрежна стража, бродот на турската крајбрежна стража не доби никаков одговор.

Бидејќи подрачјето во кое се наоѓаше чамецот со нерегуларни мигранти беше утврдено дека се наоѓа во грчките територијални води и не беше добиен одговор на повиците, тимовите на турската крајбрежна стража не можеа да интервенираат, поради што истите чекаа до 05.50 часот (според турско време).

Во соопштението беше истакнато следното:

„Постојат неосновани обвинувања на грчките новински веб-страници и социјалните медиуми дека група нерегуларни мигранти откриени од бродот на Турската крајбрежна стража источно од островот Лезбос на 2 декември кои имале потреба од помош и дека на наведената имигрантска група не им била пружена помош и покрај повикот на командата на турската крајбрежна стража до грчките власти, кои не одговорија на повикот и не презедоа ништо“.

Покрај тоа, во соопштението беше нагласено дека Командата на крајбрежната стража 24 часа на ден, 7 дена во неделата е подготвена да им помогне на сите оние кои имаат потреба за помош на море почитувајќи ги човековите права и законите.

Од друга страна, портпаролот и заменик-министер на Министерството за внатрешни работи Исмаил Чатакли рече дека грчкиот министер за имиграција, Нотис Митараци се обидува да ги прикрие своите злосторства со намерни и лажни информации.

Исмаил Чатакли во објавата преку профилот на твитер одговори на изјавите на грчкиот министер Митарачи.

Заменик-министерот Чатакли во објавата истакна дека изјавата на грчкиот министер Митарачи на неговиот профил на Твитер во која се вели дека тимовите на турската крајбрежна стража не им помогнале на нерегуларните мигранти откриени на исток од островот Лезбос и дека дозволиле имигратите илегално да ги преминат морските граници на Европската унија (ЕУ) се намерни.

Чатакли во својата изјава рече:

„Министерот за миграции со намерните, погрешни информации се обидува да ги прикрие злосторствата и вината на Грција, која со нехуманите практики во Егејското Море предизвика смртни случаи. На државните органи не  им доликува да споделуваат неточни информации“.



Слични вести