Средби на воено ниво со Катар

Бајракторглу и Ел-Ганим на средбата разговараа за воените билатерални односи и соработка меѓу Катар и Турција и начините за подобрување на истите

1538751
Средби на воено ниво со Катар

 

Началникот на одделот за персонал при Генералштабот, генерал-потполковникот Селчук Бајрактароглу во Доха, главниот град на Катар оствари средба со началникот на Генералштабот на Катар, Ганим бин Шахин ал-Ганим.

Според веста на катарската официјална агенција QNA, Селчук Бајрактароглу кој престојува во посета на Доха и одржува официјални средби, се состана со началникот на Генералштабот на Катар, Ганин бин Шахин ал-Ганим.

Бајракторглу и Ел-Ганим на средбата разговараа за воените билатерални односи и соработка меѓу Катар и Турција и начините за подобрување на истите.

На состанокот беа присутни и високи претставници на Вооружените сили на Катар.

Министерството за национална одбрана (МНО) соопшти дека персоналот на задача во командата на обединетите здружени сили на Турција во Катар, на командосите кои работат во командата на специјалните сили на Катар им дале „обука на командоси“.



Слични вести