Поддршката на Турција во зоната на операцијата „Извор на мирот“

6 илјади деца во Тел Абјад добија социјална поддршка со мобилни кино возила со детски кина во 35 училишта.

1538661
Поддршката на Турција во зоната на операцијата „Извор на мирот“

На барање на граѓаните на округот Тел Абјад во Сирија кој во рамките на операцијата Извор на мирот (октомври-ноември 2019) беше исчистен од терористите на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, со поддршка на Турција на граѓаните им се дава верско образование.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Гувернијата на Шанлурфа, под координација на Центарот за поддршка и координација на Сирија при гувернијата на Шанлурфа (СУДКОМ), продолжуваат активностите за материјална и морална поддршка на Тел Абјад.

Во тој контекст, во Тел Абјад, каде што животот се враќа во нормала, на барање на граѓаните се пружаат услуги во изучувањето на Курани керим и илмихал.

По верските обуки спроведена под координација на Муфтиството Ејујубије во Шанлурфа, во џамијата Ебу Талип во центарот на Тел Абјад беа обучен 45, во џамијата Равза 50, во џамијата Мусаб Бин Умејр 14, во џамијата Дарул Етјам 20, во селата Џенубије и Шаркије 25. Вкупно 154 кандидати кои го завршија изучувањето на памет на илмихал добија сертификати за успех.

Од друга страна, 6 илјади деца во Тел Абјад добија социјална поддршка со мобилни кино возила со детски кина во 35 училишта.



Слични вести