Ердоган: Клучот за пребродување на овој тежок период е меѓународната соработка и глобалната солидарност

Претседателот Ердоган истакна дека клучот за пребродување на овој тежок период во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), е меѓународната соработка и глобалната солидарност

1539159
Ердоган: Клучот за пребродување на овој тежок период е меѓународната соработка и глобалната солидарност

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се обрати преку видео порака на Самитот на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) посветен на Ковид-19.

Претседателот Ердоган истакна дека клучот за пребродување на овој тежок период во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), е меѓународната соработка и глобалната солидарност.

Велејќи дека меѓународната заедница се соочува со едниот од најголемите испити на 21-от век, Ердоган рече: „Клучот за пребродување на овој тежок период е меѓународната соработка и глобалната солидарност. Од животно значење е мерките да бидат инклузивни, чувствителни и да се посветува грижа за потребите на обесправените групи.“

„Едно друго прашање на кое што не потсети епидемијата на Ковид-19 е потребата системот на Обединетите нации (ОН) да биде подложен на реформа под светлината на заканите и потребите на денешницата.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и додаде дека верува оти треба да биде зајакнато Генералното собрание, а за да биде поефикасен, демократски, праведен и транспарентен системот на Обединетите нации (ОН).

Претседателот на 75. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) Волкан Бозкир, исто така во говорот што го одржа на самитот со кој претседаваше, истакна дека Ковид-19 влијае на животот на сите луѓе и дека Обединетите нации (ОН) за прв пат во својата 75 годишна историја се соочуваат со една ваква криза.

„Ковид-19 секако пред сѐ е здравствена криза. Меѓутоа истовремено е економска и хуманитарна (човечка) криза, криза на развој и човекови права.“ - рече Бозкир.

Велејќи дека основната цел во борбата против епидемијата не треба да е враќање назад во истите услови од пред епидемијата, Волкан Бозкир рече: „Како прво, треба да започнеме обезбедувајќи праведен и правичен пристап до вакцината за Ковид-19. А кога ќе се размисли практично, ефикасноста на вакцината ќе биде поврзана целосно со тоа колку широки средини ќе можат да се вакцинираат.“

 



Слични вести