Турција изрази задоволство од одлуките на Советот на министри за надворешни работи на ОИС

Министерството за надворешни работи објави соопштение во врска со усвоените одлуки на состанокот 47. Состанок на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (ОИС) што се одржа во главниот град на Нигер, Нианмеј

1537931
Турција изрази задоволство од одлуките на Советот на министри за надворешни работи на ОИС

Турција го изрази своето задоволство од усвоените одлуки на 47. Состанок на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (ОИС).

Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение во врска со усвоените одлуки на состанокот што се одржа во главниот град на Нигер, Нианмеј.

Во соопштението се истакнува следното: „Усвоените одлуки на 47. Состанок на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (ОИС) што се одржа на 27-28 ноември 2020 година во Нианмеј, со учество на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, се значајни од аспект на потврдувањето на единството меѓу земјите членки на Организацијата за исламска соработка (ОИС) пред заедничките прашања коишто го засегаат исламскиот свет.“

Се изнесува задоволството од изборот на поранешниот министер за надворешни работи на Чад Хусеин Брахим Таха за генерален секретар на Организацијата за исламска соработка (ОИС) како заеднички кандидат на африканската група и се подвлекува следното: „Нашата земја уште од самиот почеток и придаваше значење и приоритет новиот генерален секретар на Организацијата за исламска соработка (ОИС) согласно условот и утврдените процедури на Организацијата да биде избран од африканската група и Африка да истакне свој заеднички кандидат, а од аспект на зачувувањето и зајакнувањето на меѓународното својство на Оганизацијата. Ова прашање во различни поводи беше нагласен од страна на нашиот почитуван претседател (Реџеп Тајјип Ердоган) и нашиот почитуван министер.“

Освен тоа во соопштението на Министерството за надворешни работи му се заблагодарува на актуелниот генерален секретар на Организацијата за исламска соработка (ОИС) Јусуф Ал Усејмин за неговите заслуги и му се посакува успех на новоизбраниот генерален секретар поранешниот министер за надворешни работи на Чад Хусеин Брахим Таха во неговата должност којашто ќе ја преземе во ноември 2021 година.



Слични вести