Портпаролот Ибрахим Калин се состана со специјалниот претставник на САД за Сирија Џоел Рејбурн

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин се состана со Џоел Рејбурн, специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) и делегацијата во негова придружба

1538321
Портпаролот Ибрахим Калин се состана со специјалниот претставник на САД за Сирија Џоел Рејбурн

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин се состана со Џоел Рејбурн, специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Сирија и делегацијата во негова придружба. 

Според објавеното соопштение од портпаролството на претседателскиот кабинет, на одржата средба во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара беа разгледани пред се прашањето со Идлиб и сириската криза, политичкиот процес и активностите за Уставот, како и борбата против тероризмот и прашањето со мигрантите (бегалците).

На средбата на која беше направена проценка на актуелната слика во Идлиб, беше истакнато дека и покрај агресивноста и прекршувањата на прекинот на огнот од страна на режимот и нивните поддржувачи, Турција е одлучна на терен и на маса во правец на зачувување на средината на неконфронтација.

Беше нагласена улогата којашто ја презема Турција по прашањето на спречување на евентуалните нови кризи и новиот бегалски бран, а воедно беше истакнато дека меѓународната заедница треба да даде поддршка на напорите на Турција во точката на зачувување на меморандумот од 5 март.

На средбата беше истакнато дека наспроти иницијативите на режимот за успорување на политичкиот процес треба да се поддржаат работите за Уставниот комитет за воспоставување на трајниот мир во Сирија, да се воспостави средина за слободни и праведни (фер) избори и да се обезбеди доброволно и безбедно враќање назад на мигрантите (бегалците), беше постигната согласност по прашањето на потребата од интензивирање на заедничките напори во оваа насока.

Беше потцртано дека е неприфатлива секој вид политичка, економска и воена поддршка на терористичките групи во Сирија, им беше пренезено на своите соговорници од САД дека ниту еден сепаратистички елемент не треба да биде вклучен во политичкиот процес којшто ќе го обликува иднината на Сирија, а кој ќе ги доведе во опасност територијалниот интегритет и политичкото единство  на Сирија.

Освен тоа на средбата беше нагласена потребата од водење на заедничка борба против сите терористички организации вклучувајќи ги и ДЕАШ, ПКК/ПЈД/ЈПГ, беа правење било каква разлика меѓу нив.



Слични вести