Политиката на Турција за одбранбена индустрија ќе продолжи со нејзино зајакнување

На состанокот на Извршниот комитет за одбранбена индустрија беше истакнато дека политиката за одбранбена индустрија технолошки фокусирана и на основа на истражување и развивање, ќе продолжи со нејзино зајакнување

1538512
Политиката на Турција за одбранбена индустрија ќе продолжи со нејзино зајакнување

На состанокот на Извршниот комитет за одбранбена индустрија беше истакнато дека политиката за одбранбена индустрија технолошки фокусирана и на основа на истражување и развивање, ќе продолжи со нејзино зајакнување.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, Извршниот комитет се состана под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

На одржаниот состанок во претседателската палата „Куллијето" во Бештепе, во Анкара, беа разгледани случувањата во одбранбената индустрија.

Освен тоа на состанокот, беа донесени одлуки за различни проекти во однос на електронската војна, градските безбедносни системи, комуникацијата, оружјето, муницијата, ракетите и различни платформи, а со цел додавање нови на домашните и националните системи коишто ги користат Турските вооружени сили (ТВС) и безбедносните единици.

На состанокот беше нагласено дека со последните случувања уште еднаш се покажа значењето на производите коишто ги дизајнира, развива и произведува домашната и националната одбранбена индустрија во работите коишто успешно ги спроведуваат Турските вооружени сили (ТВС) и безбедносните сили.

Беше потенцирано дека секторот на одбранбена индустрија и покрај епидемијата предизвикана од новиот тип коронавирус (Ковид-19) непрекинато ги продолжува своите активности.

Беше подвлечено дека политиката на одбранбена индустрија технолошки фокусирана и на основа на истражување и развивање ќе продолжи со нејзино зајакнување и дека ќе бидат зголемени активностите во правец на споделувањето на искуство меѓу секторите и извозот.

Освен тоа беше нагласено дека Турција со одлучност ќе го продолжи својот пат со целта за целосно независна одбранбена индустрија.



Слични вести